Цената на нафтата од типот Брент повторно достигна 100 долари за барел

Цената на суровата нафта од типот Брент достигна 100 долари за барел, по деветпроцентниот пораст на азиските пазари. Цените на нафтата не паднаа дури ни откако десетици земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, објавија дека ќе ослободат рекордни количини стратешки резерви за вонредни ситуации, објави Би-би-си.

Иран продолжи да им се заканува на бродовите што минуваат низ Ормускиот Теснец, транзитна рута низ која минува околу една петтина од светската нафта. Суровата нафта што се тргува во САД се зголеми за девет проценти на 95,27 долари за барел, објави Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот