Гас фото МИА

Цената на гасот во Европа се зголеми за 35 проценти поради нападот врз енергетската инфраструктура во Заливот

Цените на природниот гас во Европа се зголемија за дури 35 проценти откако нападите врз енергетската инфраструктура во Заливот се интензивираа. Ова значи зголемување за повеќе од 60 проценти од почетокот на американско-израелската војна против Иран на 28 февруари, објави новинската агенција Ројтерс.

Подготовка за најлошото: Кризата со горивото се шири, државите воведуваат мерки за штедење

Неизвесноста за тоа како ескалацијата на војната на Блискиот Исток ќе влијае на снабдувањето со енергија продолжува да расте, откако беа пријавени напади во Катар и Кувајт, еден ден откако беше погодено најголемото поле на природен гас во Иран. Иранските ракети предизвикаа голема штета на гасна централа во Рас Лафан, додека кувајтските државни медиуми објавија напади врз две рафинерии за нафта во земјата. Покрај тоа, цената на суровата нафта од типот Брент се искачи на 112 долари за барел- пренесе Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот