Целосна посветеност: Остин Батлер не го видел семејството три години додека се подготвувал за „Elvis“

Сцена од филмот „Elvis“ и Елвис Присли / Фото: Profimedia

Американскиот актер Остин Батлер откри дека не го видел своето семејство три години додека се подготвувал за улогата на кралот на рокенролот во музичката драма „Elvis“, објави „Варајети“.

Батлер имал околу една и пол година да се подготви пред да почне снимањето на биографскиот филм на режисерот Баз Лурман.

„Се подготвував со режисерот Баз Лурман, а потоа отпатував во Австралија на снимање. Со месеци не разговарав со никого. Размислував само за Елвис и цело време го имитирав“, изјави тој во интервјуто за „Варајети“.

Остин Батлер во улогата на Елвис Присли / Фото: Image Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

„Бев фокусиран исклучиво на улогата. Дури и цело време зборував како него, па еднаш разговарав на ист начин на телефон со сестра ми, а таа ме праша што не е во ред со мене“, додаде Батлер.

Филмот на Лурман го документира метеорскиот подем на Присли до суперѕвезда во педесеттите години на минатиот век и ја истражува сложената врска на музичката легенда со неговиот менаџер Том Паркер, кој го игра актерот Том Хенкс.

Батлер и претходно зборуваше за ефектот на улогата на Елвис врз него. Тој призна дека речиси целосно го „изгубил контактот“ со себе и со сопствената личност.

Остин Батлер во улогата на Елвис Присли / Фото: Image Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

Но, истакна дека не жали за ништо и дека е подготвен да направи сѐ за успехот на филмот. Во таа намера успеа, бидејќи „Елвис“ оствари профит од 276 милиони долари.

Во интервјуто за „Варајети“, тој исто така рече дека улогата на Елвис му помогнала да излезе од својата комфорна зона.

„Претходно не танцував и не пеев јавно бидејќи бев многу срамежлив“, признал тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот