Цеков собори нов државен рекорд, ПК Скопје со најмногу златни медали на пливачкиот „Делфин Куп“

фото: Plivacki Klub Vardar 2018

Во организација на Пливачкиот клуб „Делфин“ од Скопје по 17 пат се одржа еден од најстарите меѓународни пливачки натпревари во Македонија, „Делфин Куп“, овој викенд на базенот „Борис Трајковски“.

Како што известуваат од Пливачкиот клуб „Вардар 2018“, Влатко Цеков собори нов државен рекорд во категоријата помлади пионери во дисциплината 100 метри градно.

Цеков успеа да оствари време од 1:17.90 мин., а досегашниот рекорд (1:18.64 мин.) беше во сопственост на Миро Крстевски.

На овој натпревар ПК Скопје освои најмногу златни медали, вкупно 39, на второто место МЛАДОСТ (18), а на третата позиција СТЕП од Косово со 16.

Освен од Македонија, имаше и натпреварувачи од Косово, Албанија и Србија.

фото: принтскрин/plivanje.info

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот