Бутел се засили со Милошески

Екипата на Бутел продолжува со ангажирање на нови ракометари за новата сезона и најново засилување е левиот бек Христијан Милошевски. Младиот 20-годишен ракометар минатата сезона настапуваше за екипата на Работнички, а има играно и за вториот тим на Вардар.

– Сакам да изразам благодарност до Бутел за укажаната можност. Среќен сум што во наредните години ќе го носам дресот на овој тим, но исто така и среќен што ќе соработувам со одличен тренер и одлични, искусни играчи. Своето претходно искуство ќе го искористам најдобро што можам, но и ќе работам напорно за што е можно повеќе да се надоградам како ракометар. Се надевам дека ќе добијам шанса да се докажам, да ги исполнам очекувањата и достојно да го претставиме Бутел во Купот на ЕХФ и во домашните натпреварувања – изјави Милошески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот