Илијан Василев/Българска Федерация по Хандбал / Bulgarian Handball Federation

Бугарија во тага: Почина селекторот на машката ракометна репрезентација

Бугарскиот ракомет остана завиен во црно по веста дека на 61-годишна возраст почина селекторот на машката репрезентација, Илијан Василев.

Василев подолг период се бореше со сериозни здравствени проблеми, но денеска ја загуби најтешката битка. И покрај нарушеното здравје, тој до последен момент остана посветен на националниот тим и беше на клупата на Бугарија на двата претквалификациски натпревари за Европското првенство во 2028 година против селекцијата на Турција.

Зад себе остави богата ракометна кариера и како играч и како тренер. Како активен ракометар го носеше дресот на бугарската репрезентација од 1983 до 1995 година, период во кој забележа повеќе од 250 настапи на меѓународната сцена.

Значаен дел од својата професионална кариера Василев ја мина и во Франција, каде што стекна вредно искуство. Со екипата на Ница двапати ја освои титулата во Втората француска лига, а во 1995 година беше дел и од елитната француска Суперлига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот