Брз ручек за денес: Направете кесадиљи со пилешко и кашкавал

Фото: Flickr

Кесадиљите се незаменливи на секоја мексиканска трпеза и во секој мексикански ресторан. Буквално со неколку состојки кои ги имате дома, можете да наполните тортиљи и да имате добар оброк. Овој рецепт за кесадиљи со кашкавал и пилешко веќе стана класика.

Главната работа кај ова јадење е што мора да се јаде веднаш, додека се топли и крцкави, бидејќи брзо се ладат и немаат целосен вкус.

Состојки:

– 4 тортиљи
– 1 пилешко филе
– 300 г сирење
– 2 лажици маслиново масло
– мелена црвена пиперка
– сол, бибер

Подготовка:

Пилешкото филе исечете го на ленти, зачинете го, па пропржете го на маслиново масло од сите страни додека не добие румена кора. Во чиста тава ставете тортиља, посипете по неа еден дел од ренданиот кашкавал, ставете малку месо, одозгора повторно кашкавал, па покријте со друга тортиља.

Печете околу 5 минути додека долната тортиља убаво не се запече и се растопи кашкавалот, па внимателно превртете и печете од другата страна. Повторете ја постапката и со останатиот материјал.

Тортиљите исечете ги на 4 дела и јадете ги додека се топли. По желба можете да додадете кечап или мајонез како прилог.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот