Зеленски им зададе брутален удар: Воведе санкции против бизнисмени, менаџери и адвокат
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска воведе санкции против петмина соработници за кои се вели дека ги загрозуваат националните интереси, безбедноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, објавува Укринформ.
Препорачано
На санкционираната листа се наоѓаат украинскиот адвокат Андриј Богдан, потоа украинскиот бизнисмен Богдан Пукис, како и рускиот бизнисмен Алан Кирјухин, назначен за клучен менаџер на платниот систем A7A5, кој се користи за заобиколување на меѓународните санкции.
Санкции беа воведени и против руските спортски службеници Станислав Поздњаков и Михаил Мамишвили.
Рестриктивните мерки вклучуваат конфискација на украински државни одликувања, замрзнување на средства, забрана за трговски операции, спречување на одлив на капитал од земјата, како и суспензија на лиценци и други дозволи.
Предвидена е и забрана за учество во приватизацијата и издавањето под закуп на државен имот.
Санкциите се воведени за период од десет години, освен мерката конфискација на државни признанија, која е без временско ограничување.
Зеленски најави санкции: Израел купува жито кое Русија го украде од нас


