Володимир Зеленски EPA-EFE/STRINGER

Зеленски најави санкции: Израел купува жито кое Русија го украде од нас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека купувањето жито од страна на Израел од окупираната украинска територија, кое Русија всушност го „украла“, „не може да биде легитимен бизнис“ и дека Киев подготвува санкции против оние кои се обидуваат да профитираат од тоа.

Брод со пченица ќе создаде дипломатска криза меѓу Израел и Украина? – Слободен печат

„Друг брод што носи такво жито пристигна во пристаниште во Израел и се подготвува да се истовари. Ова не е – и не може да биде – легитимен бизнис. Невозможно е израелските власти да не знаат кои бродови пристигнуваат во пристаништата на една земја и каков товар превезуваат“, напиша Зеленски на социјзлната мрежа Х.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха вчера изјави дека израелскиот амбасадор бил повикан во неговото министерство поради, како што рече, неактивноста на Израел кога станува збор за добивање дозвола за пратки жито да влезат во земјата од Украина, чии делови беа окупирани од Русија.

Израел: Украина не достави никакви докази

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар Сибихи одговори дека Украина не доставила никакви докази за да ги поткрепи тврдењата дека станува збор за „украдено“ жито.

Киев верува дека целото жито произведено во четирите региони што Русија ги смета за свои по инвазијата на Украина во 2022 година, како и Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, ефикасно било украдено од Москва.

Русија ги нарекува тие четири региони свои „нови територии“, но тие сè уште се меѓународно признати како украински.

„Русија систематски конфискува жито на привремено окупирана украинска земја и го организира неговиот извоз преку лица поврзани со окупаторите“, рече Зеленски.

„Ваквите шеми ги кршат законите на самата израелска држава“, истакна тој, додавајќи дека Украина очекува Израел да ја почитува Украина и да се воздржи од дејствија што ги поткопуваат билатералните односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот