Брод со пченица ќе создаде дипломатска криза меѓу Израел и Украина?
Киев предупреди на дипломатски последици доколку Израел дозволи пристанување и истовар на брод што превезува жито украдено од украинските територии под руска окупација, објавија медиумите, повикувајќи се на неименуван украински извор.
Препорачано
Доколку Израел не го спречи товарниот брод „Панормитис“ да влезе во пристаништето Хаифа, тоа ќе доведе до криза во односите меѓу Украина и Израел, потврди дипломатски извор за „Киев индепендент“.
Според достапните информации, бродот „Панормитис“, кој плови под панамско знаме, влегол во заливот Хаифа вчера наутро и чека дозвола за влез во пристаништето. Службите за следење на поморскиот сообраќај покажуваат дека бродот моментално мирува покрај брегот на Израел.
Оваа вест доаѓа откако рускиот товарен брод „Абинск“ пристигна во Хаифа на почетокот на април со речиси 44.000 тони украинска пченица, што предизвика остра реакција од Киев. Истрагата на израелскиот весник „Хаарец“ покажа дека најмалку четири пратки украдено украинско жито веќе се истоварени во Израел оваа година.
„Панормитис“ испловил од пристаништето Кавказ во рускиот регион Краснодар со повеќе од 6.200 тони пченица и 19.000 тони јачмен. Житото било натоварено на бродот од окупираните украински територии преку претовар од други бродови, според Јареско.
Односите меѓу Украина и Израел за време на руската инвазија останаа сложени, иако двете земји имаат заеднички противник во Иран. Израел се воздржа од директна воена помош на Киев за да одржи рамнотежа во односите со Русија, и покрај поддршката на Москва за Техеран.
Порано оваа пролет, претседателот Володимир Зеленски не го вклучи Израел во својата турнеја на Блискиот Исток, која имаше за цел продлабочување на безбедносната соработка со клучните партнери во регионот по иранските воздушни напади.
Откако му испорача дронови на Израел, Украина станува легитимна цел за Иран


