Откако му испорача дронови на Израел, Украина станува легитимна цел за Иран

Шефот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, изјави дека Украина е легитимна цел за напад откако, како што вели тој, државата започнала да му помага на Израел преку поддршка со беспилотни летала, пренесува РБЦ Украина.

„Неуспешните обиди на Украина да му помогне на Израел ја прават легитимна цел за нас. Со обезбедување поддршка со беспилотни летала на израелскиот режим, пропаднатата Украина ефикасно се приклучи на војната и, според член 51 од Повелбата на Обединетите нации, ја претвори целата своја територија во легитимна цел за Иран“, изјави Азизи.

Член 51 од Повелбата на ОН се однесува на правото на државите на самоодбрана во случај на вооружен напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот