Бронзен медал за Петар Заборски од „Макпетрол“ на светската карате лига

Петар Заборски од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на третата позиција на исклучително силниот турнир од Светската Карате 1 серија во Ларнака, Кипар.

Претставникот на скопската екипа, кој пред една недела освои бронза и на Балканскиот шампионат во Тирана, на собирот од премиер-лигата се закити со одличје во категоријата до 75 килограми. Во борбата за трето место тој го победи Вилијам Диантете од Белгија со 3:2.

Вториот член на „Макпетрол“ кој се бореше за бронзен медал, Стефан Стојановиќ, беше поразен од Махди Ашури од Иран со 1:5. Младиот македонски каратист од неодамна се натпреварува во сениорска конкуренција иако е јуниор (У21). Стојановиќ од Ларнака замина со освоено петто место.

Ангела Мојсовска и Данило Божовиќ, исто така каратисти на „Макпетрол“, остварија високи пласмани на првиот ден од турнирот. Мојсовска се пласира на седмото место, а Божовиќ ја освои деветтата позиција.

Премиер карате-лигата, А серија, е глобално натпреварување што на каратистите од целиот свет им овозможува да ги демонстрираат своите квалитети на највисоко ниво. Турнирот има отворен формат, што значи дека секој спортист има право на учество. На овие турнири каратистите имаат можност да ја подобрат својата позиција на светското рангирање во овој спорт.

На собирот од Карате 1 Серија А во Ларнака настапија 914 каратисти со 936 натпреварувачки влезови од 76 држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот