Бројот на починати од Ковид-19 во Кина достигна 1.665

Фото: МИА

Бројот на нови смртни случаи во централната кинеска провинција Хубеи од епидемијата на новиот коронавирус вчера се зголеми за 139.

Бројот на починати од епидемијата на коронавирусот Ковид-19 во Кина синоќа достигна 1.665 лица, што е за 142 повеќе од претходниот ден, соопшти денеска националната комисија за здравство на земјата.

Бројот на нови смртни случаи во централната кинеска провинција Хубеи од епидемијата на новиот коронавирус вчера се зголеми за 139.

Претходно беа потврдени само три смртни случаи надвор од континентална Кина – во Хонг Конг, Јапонија и на Филипините. Вчера Ковид-19 усмрти и 80-годишна туристка во Франција, со што таа стана првата жртва на коронавирусот во Европа.

Низ цела Кина вчера имаше и нови потврдени инфекции.

Вкупниот број на заразени досега достигна 68.500 луѓе.

Вчера беше потврдено и дека Македонка во Франција е втора наша државјанка која е позитивна на коронавирусот Ковид-19.

Македонка заболена од коронавирус во болница во Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот