Македонка заболена од коронавирус во болница во Франција

Фото: МИА

Досега двајца наши државјани се заболени од смртоносниот вирус.

Министерството за здравство има информација за двајца македонски државјани коишто се позитивни на коронавирус, информираше денеска министерот Венко Филипче.

„Станува збор за еден член на екипажот на јапонскиот крузер, кој е хоспитализиран во јапонска болница, но со лесна клиничка слика и уште една наша државјанка којашто е во изолација во болница во Франција. За нивното враќање дома Министерството за здравство ќе биде навремено известено од тамошните власти, по што ќе бидат преземеме сите потребни мерки“, се вели во изјавата.

Министерот Венко Филипче изјави дека целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и дека се следи секоја информација што доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји.

Македонецот заболен од корона со послаби симтоми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот