Македонецот заболен од корона со послаби симтоми

Фото: EPA-EFE/MIGUEL CANDELA

„Се работи за блага форма на заболување, меѓутоа со оглед на рутинските процедури, овој наш граѓанин е транспортиран во болница на лекување“, потенцираше д-р Кузмановска.

Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје во изјава за медиумите информира дека кај еден од тројцата патници кои се наоѓаат на бродот во Јокохама, Јапонија, потврдено е присуство на корона вирусот.

„Се работи за блага форма на заболување, меѓутоа со оглед на рутинските процедури, овој наш граѓанин е транспортиран во болница на лекување“, потенцираше д-р Кузмановска.

Северна Македонија постапува согласно насоките од Светската здравствена организација и целосно сме подготвени да се справиме со корона вирусот. Работата е целосно под контрола и во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника во нашата држава. Граѓаните во целост да ги следат и почитуваат мерките за превенција:

• Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;

• Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и да се мијат задолжително рацете после секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат;

• Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитна опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;

• Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.

• Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;

• Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот