Бројките на виделина, фудбалерите ја спасија Барселона

фото:твитер

Шпанскиот тим на почетокот на панемијата направи потег кој би можел да го спаси клубот од финансиска криза.

Фудбалерите на Барселона се согласија за намалување на платите од дури 70 проценти кое би требало да трае до 4. мај кога сите играчи на каталонскиот клуб ќе почнат да ја примаат целата плата.

Поточно, фудбалерите ќе добиваат 98 проценти од платата, додека останатите два проценти се согласија да ги донираат за платите на работниците во клубот.

За тоа време, Барселона успеа да заштеди дури 24 милиони евра кои го спасија клубот од финансиска криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот