Брнабиќ: Вучиќ уште размислува дали да оди во Тирана, се прашувам како човек има такви нерви

Ана Брнабиќ, премиерка на Србија/Фото: Скришот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека разговарала со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека тој се уште размислува дали да оди на самитот во Тирана.

„Често се прашував како човек има такви нерви и толеранција да се бори за Србија и Србите на Косово и Метохија на тој начин. Ако ги погледнете 2008 и 2010 година, тогаш немавме ништо. Вучиќ некако го врати тоа прашање на маса, како и дијалогот во кој се вели дека не е завршен и дека Белград и Приштина ќе разговараат за тоа. На пример, Вучиќ се уште се бори за регистарски таблички и да дојдеме до некој заемно прифатлив компромис, но по се што издржа заедно со Србите на Косово и Метохија во последните години, неговата изјава пред некој ден беше најблага човечка реакција.“, изјави Брнабиќ гостувајќи на ТВ Пинк.

Таа рече дека само оваа година забележала шест работи кои биле направени спротивно на Бриселскиот договор и меѓународните принципи, на кои ЕУ речиси и молчела.Го имавме проблемот со табличките што беше вештачки создаден од Курти. Тој проблем не постои бидејќи во текстот од 2011 година, стои дека така ќе биде додека не се договорат. Потоа почна да ги тероризира Србите на Косово, со намера да ги протера. Потоа испадна проблемот со личните карти, па среде Берлин рече дека во Приштина нема Бриселски договор и дека не го прифаќа и дека ЗСО не доаѓа предвид. И повторно, никој не се огласи“, рече таа.

Шлагот на тортата е именувањето на Ненад Рашиќ за претставник на Србите, човек кој освои 0,173 отсто од гласовите. Српската листа доби речиси 30 пати повеќе од него и од Рада Трајковиќ. Па кои Срби се застапуваат кога Трајковиќ живее во Белград“, рече Брнабиќ.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека утре со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе координираат заеднички став за учеството на самитот на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан, кој ќе биде одржан во вторник, 6 декември во Тирана.

Додик: Утре заеднички став со Вучиќ околу присуството на самитот во Тирана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот