Додик: Утре заеднички став со Вучиќ околу присуството на самитот во Тирана

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека утре со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе координираат заеднички став за учеството на самитот на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан, кој ќе биде одржан во вторник, 6 декември во Тирана, јавува РТРС.

Додик рече дека ставот на претседателот на Србија за одење на самитот во Тирана е многу јасен, но треба да се земат предвид и реалните околности, односно фактот дека тоа е самит на ЕУ и на Западен Балкан и дека Србија е најважната земја во регионот.

„Веројатно ЕУ нема да гледа на тоа без никакви обиди да обезбеди присуство на претседателот Вучиќ, но она што е важно е дека утре во текот на денот ќе донесеме заеднички став, дали ќе одиме или не“, изјави Додик.

Додик изјави дека доколку претседателот на Србија не оди на оваа средба, тогаш присуството на Република Српска во Тирана ќе биде под знак прашалник.

„Овде во Босна и Херцеговина има сложени процедури на овој план. Познато е дека Босна и Херцеговина има тричлено Претседателство и ако еден член не може да го стори тоа, тогаш друг оди и тоа може да биде проблем, но сето тоа ќе го координираме со претседателот Вучиќ“, рече Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот