Брижит Макрон ја засени првата дама на Литванија: Фустан и капут во совршена нијанса на сина боја! (ФОТО)

Француската прва дама Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, има свои модни правила до кои се придржува долги години.

И покрај критиките дека не се облекува во склад со годините и функцијата, Брижит Макрон не отстапува од својот препознатлив стил кој вклучува скини фармерки, кожни панталони, вртоглаво високи потпетици, мини здолништа со ретро крој…

Нејзиниот модел стил е непогрешлив спој на класиката со тренди парчиња и совршено одбрани модни детали кои даваат завршна нота на нејзините шик комбинации.

Првата дама, која од својот сопруг е постара 24 години, секогаш е беспрекорно облечена, па така таа беше во центарот на вниманието и при претседателската посета на Литванија.

Емануел Макрон и неговата сопруга во претседателската палата во Вилниус ги пречека литванскиот претседател Гитанас Науседа и неговата сопруга Диана Наиседиене.

Француската прва дама повторно се држеше до своите омилени модни варијанти. Добро е познато дека госпоѓата Макрон има импресивна количина на елегантни сакоа и капути, па така и за оваа прилика таа носеше еден од својата богата колекција.

Капутот совршено и прилегаше, а Брижит се одлучи за речиси иста нијанса на сина боја во која се појави и сопругата на литванскиот претседател. И двете први дами комбинациите ги надополнија со лаковани салонки, а Брижит ја надогради својата комбинација и со ефектна мини ташничка од црна кожа.

Видео на денот