Британија: Се подготвува најголемиот штрајк во последната деценија

ФОТО: Screenshot

Во Велика Британија денеска е во тек најголемиот штрајк во последната деценија, а околу половина милион луѓе штрајкуваат поради платите, работните места и условите за работа.

Во штрајкот се вклучени членови на седум синдикат, а од протестот се погодени училиштата, универзитетите, возовите и автобусите.

Илјадници училишта денеска се затворени поради штрајк на Националниот синдикат за образование (НЕУ). Државните службеници, машиновозачите и автобусите и универзитетскиот персонал исто така ја прекинаа работата во најголемиот еднодневен штрајк во последната деценија.

Штрајкувачите се собраа пред железничките станици, училиштата, владините министерства и универзитетите низ целата земја, а синдикатите велат дека добиваат силна поддршка од јавноста.

Штрајкуваат повеќе од 100.000 членови на синдикатот за јавни и комерцијални услуги (ПЦС), вклучувајќи го и персоналот на граничните служби на пристаништата и аеродромите.

Во меѓувреме, Конгресот на синдикатите (ТУЦ) е фрустриран од контроверзните планови на владата за нов закон за минимално ниво на услуги за време на штрајкови.

Петицијата против законот, потпишана од повеќе од 200.000 граѓани, ќе биде доставена до кабинетот на премиерот.

Генералниот секретар на ТУЦ, Пол Новак, изрази надеж дека денешните протести и штрајкови ќе испратат силна порака до владата за зголеменото незадоволство меѓу работниците.

Групи кои ги претставуваат родителите објавија заедничка изјава за поддршка на наставниците кои штрајкуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот