Британија: Нема казна за докторот кој оставил пациент среде операција и го фатиле во „компромитирачка позиција“ со медицинска сестра
Доктор Сухаил Анџум нема да биде суспендиран и нема да му биде одземена лиценцата, одлучи специјален медицински трибунал
Лекар кој оставил пациент среде операција за да има сексуален однос со медицинска сестра е во „многу мал ризик“ да го повтори своето сериозно лошо однесување, пресуди медицински трибунал во Британија, откако јавноста беше згрозена од случајот, јавува Би-би-си.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Оженетиот д-р Сухаил Анџум, татко на три деца, и неименуваната медицинска сестра биле фатени во „компромитирана положба“ од шокиран колега кој влегол кај нив во болницата Тејмсајд, Ештон-андер-Лајн, Голем Манчестер.
44-годишниот анестезиолог-консултант побарал од колега да го следи машкиот пациент, кој бил под општа анестезија, за да може да оди во тоалет.
Наместо тоа, д-р Анџум, кој вкупно бил отсутен осум минути, отишол во друга операциона сала, каде што се случила „сексуалната активност“ со медицинската сестра пред речиси точно две години.
На сослушувањето на Службата за медицински трибунал (MPTS) ѝ било кажано дека друга медицинска сестра во болницата опишала дека ја видела жената, која се викала „медицинска сестра Ц“ во текот на целата постапка, „со панталони околу колената и со долната облека на виделина“ и дека д-р Анџум „ја врзувал врвката на неговите панталони“.
Д-р Анџум отсуствувал од операционата сала осум минути, а пациентот немал последици.
Претседателката на трибуналот, Ребека Милер, изјави дека неговите постапки, иако не ја загрозиле безбедноста на пациентот, биле „доволно значајни за да претставуваат сериозно лошо однесување“.
Сепак, таа изрази задоволство од тоа што д-р Анџум бил „решен да не го повтори своето минато лошо однесување“, а лекарскиот панел проценил дека ризикот од повторување е „многу низок“.
Лекарот нема да има никакви последици за инцидентот, а неделава трибуналот повторно ќе заседава за да одлучи дали ќе му биде издадено предупредување.


