Брима Галуп го демантира Горан Момировски: Не е точно дека не сме спровеле анкета

По вчерашните оркестрирани објави во опозициските медиуми, дека Брима Галуп воопшто не спровела анкета за расположението на гласачите пред изборите и дека „СДСМ води само на непостоечки анкети“, со реакција се јавија од канцеларијата на Брима од каде ги демантираат ваквите наводи.

Имено, опозициските портали, повикувајќи се на наводи на новинарот од Алфа, Горан Момировски, објавија дека таква анкета не постоела и дека истата била измислица на „провладините медиуми“.

„Нова ТВ објави анкета на Брима Галуп според која СДСМ и БЕСА се во предност, и тоа имаше некоја фантастична бројка од 6,2 проценти. Ако се следи законот според оваа објава на Нова ТВ против нив треба да биде поднесена соодветна пријава бидејќи не го почитуваат членот 73 од изборниот законик. Во оваа анкета нема кој е нарачател, ниту кој ја платил анкетата, ниту има колкав е примерокот, кој ја спровел анкетата, само вели Брима Галуп и другото пропаганда класична дека СДСМ и БЕСА заедно водат со 6,2 проценти. И сега доаѓаме до суштината на скандалот оваа анкета ја објавија вчера 20-тина медиуми, ние во објавата на веб сајтот на Алфа ја објавивме со што се повикавме на прците медиуми кои што ја објавија. Првите медиуми кои ја објавија беа А1 ОН, Локално, Центар, Бриф, еве НОВА ТВ и тоа сите ја објавиле практично во ист момент. Никаде нема детали. Денеска јас разговарав со човеко кој што во Брима Галуп е одговорен за истражувања, господинот Ѓорѓиј Кимов, претходно имав проблем да го најдам, се обидов да ја добијам канцеларијата на Брима Галуп каде никој не се јавуваше. Дури комуницирав со регионалниот директор на Брима Галуп во Софија кој што ми објасни дека се работи за локален проект и таму да ги барам одговорите. За на крајот со господинот Јакимов не можев да го добијам и тој ми напиша на Вибер, да каже дека анкета на Брима Галуп воопшто не била објавено“, рече Момировски во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Ваквите негови наводи денеска преку соопштение ги демантираа од Брима Галуп.

„Ве известуваме дека БРИМА четири пати годишно редовно спроведува Омнибус истражување повеќе години. Во рамките на ова истражување е и секцијата за социо-политички стандардизирани прашања во рамки на Политичкиот Барометар на БРИМА. Овие податоци кои се сопственост на БРИМА ги нудиме на потенцијални клиенти кои се заинтересирани за нив. Истражувањето во јунскиот бран се спроведе од 5 до 14 јуни 2020 со телефонска анкета (CATI) со национално репрезентативен примерок N= 1174 испитаници на возраст 18+ години. Понудата ја прифати еден од клиентите со ексклузивно право на користење и објавување. Наводите дека БРИМА воопшто не спровела анкета не се точни. Уште еднаш објаснуваме дека БРИМА НЕ ЈА ОБЈАВИЛА анкетата, а истата ја спровела во наведениот период. Дополнително БРИМА на 05 Јули 2020 има пратено до сите медиуми информација – корекција во која се појаснува точниот датум кога анкетата е спроведена“, се наведува во соопштението на Брима.

Според анкетата на Брима, СДСМ и БЕСА имаат предност од 6.2% пред ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за оваа партија.

На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните. Разликата е 3,6 отсто во полза на СДСМ. Следува ДУИ со 8,2% поддршка, зад неа се наоѓа Алијансата за Албанците со 4,9%, додека движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%. Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата СДСМ-БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2% во корист на Коалицијата предводена од Зоран Заев. Други партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со поддршка од 1,3, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6.

Брима Галуп: СДСМ и БЕСА имаат предност од 6.2% пред ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот