Брестовац повика нов ракометар за дуелите со Грузија

men2020.ehf-euro.com

После победата над Турција од 26:23 и ремито со Италија (26:26) избраниците на селекторот Данило Брестовац ја продолжуваат ЕХФ неделата во Скопје каде што ќе одиграат уште два пријателски натпревари против Грузија.

Против Турците и Италијанците, селекторот Данило Брестовац во Ескишехир не можеше да смета на најискусните, но сега тие ќе настапат против Грузијците во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, влезот за двата меча е бесплатен за сите љубители на ракометот.

Исто така за овие дуели е повикан и дебитант од ракометниот клуб на Тинекс Пролет. Одличните игри на стартот од новата сезона беа доволна препорака за прволигашот да има двајца ракометари во македонската репрезентација во оваа ЕХФ-седмица.

Мартин Поповски повторно е дел од националниот тим и го постигна голот за реми на вчерашниот дуел со Италија, а денеска на подготовките на репрезентацијата се приклучи и Михаил Аларов.

Пивотот игра одлично од самиот почеток на сезонава, покрај ефикасноста во нападот го одликува и извонредна игра во одбраната, па повикот од селекторот Брестовац е апсолутно заслужен.

Поповски по одличните игри за Тинекс Пролет, блесна и во репрезентативниот дрес откако со осум погодоци беше најефикасен на последниот натпревар против селекцијата на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот