Брестовац го повика Георгиевски за дуелите со Финска и Швајцарија

фото: facebook.com/pg/ihtstruga

Десното крило Гоце Георгиевски ќе биде на подготовките на сениорската репрезентација на Македонија за дуелите со Финска и Швајцарија во квалификациите за пласман на ЕП 2022.

Тој доби дополнителна покана од селекторот Данило Брестовац и од вечерва се приклучува на соиграчите во националниот тим. Тој е вкупно петтиот ракометар од РК Вардар 1961 кој е повикан во националната селекција после Стоилов, Кизиќ, Мишевски и Талески.

Со своите национални репрезентации, Хрватска и Германија, се Иван Чупиќ и Кристијан Дисингер. Патрик Валчак и Марко Вујин остануваат во Скопје, бидејќи Полска и Србија ги откажаа своите собири и планирани натпревари.

Тројца македонски репрезентативци позитивни на ковид-19

Георгиевски е стандарден член на репрезентацијата играјќи на последните големи натпреварувања во серија.

Македонија ќе игра против Финска на 4 ноември во 20.00 часот во СЦ „Борис Трајковски” – Скопје, а потоа на 7 ноември гостуваме кај Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот