Бред Пит и Џенифер Анистон водеа секси разговор – Таа му порача дека е секси (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Благодарение на апликацијата „Zoom“, но и добротворната организација „Core“ која помага во текот на пендемијата на коронавирусот, на Фејсбук се собраа најголемите холивудски имиња на денешницата со цел преку лајв јавување заеднички да го читаат сценариото на легендарниот тинејџ филм „Fast Times at Ridgemont High” од 1982 година.

Сепак, најголемо внимание привлече поранешниот холивудски актерски пар – Бред Пит и Џенифер Анистон, а од нивниот дијалог можеме да заклучиме дека „старите љубови никогаш не се забораваат“.

Бред Пит и Џенифер Анистон со задоволство со приклучија на виртуелното заедничко читање на сценариото на овој легендарен филм, каде благодарение на апликацијата „Zoom“, се јавија од своите домови.

Освен тие двајца таму беа и Џими Кимел, Џулија Робертс, Метју Меконахи, Морган Фримен, Хенри Голдинг, Шиа Ла Беуф и Шон Пен.

Фото: Профимедиа

Холивудскиот заводник ја имаше улогата на Бред Хамилтон, додека Анистон ја глумеше Линда, девојката која е заљубена токму во него.

Поранешните сопружници, како што од нив бараше самото сценарио, мораа да одглумат една од најнепријатните сцени од филмот, кога Бред Хамилтон има свој „интимен момент“ во бањата.

Фото: Профимедиа

„Здраво Бред, знаеш дека отсекогаш мислам дека си сладок“, започна Џенифер Анистон, која од Пит се разведе во 2005 година и додаде „Ти си толку секси“.

За разлика од актерката која во филмот ја глуми Линда и во таа сцена е топлес, Анистон остана облечена.

Се се одвиваше благодарение на добротворната организација „Core“ и и беше посветено на пандемијата на коронавирусот, а полн час и повеќе од 40 минути луѓето не трепкајќи го следеа читањето на најголемите ѕвезди на денешницата.

Фото: Профимедиа

Меѓу двајцата поранешни сопружници и тоа како се почувствуваа искри, а останатите актери и учесници слатко се насмевнаа на сето тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот