Бразил остана без круната, одбојкарите на Русија ќе играат за златниот медал

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Одбојкарите на Русија односно на Рускиот олимиски комитет се пласираа во финалето на олимпискиот турнир откако во полуфиналето беа подобри од Бразил со 3:1 во сетови и тоа 18:25,25:21,26;24,25:23.
Руските одбојкари ќе играат за златниот медал прв пат од 2012 година кога и триумфираа на Игрите во Лондон, додека Бразил кој во Токио ја бранеше титулата освоена на претходните ОИ во Рио де Жанеиро остана без круната и ќе игра за бронзениот медал.

ББразилците подобро го отворија натпреварот, блокот функционираше одлично и поведоа со 17:12 по што рутински го освоија првиот сет. Русите возвратија во вториот, поведоа со 11:5 и не им дозволија на Бразилците да се вратат во игра. Во третиот сет, подобар беше Бразил кој поведе со 13:20, но Русите благодарение на одличните сервиси успеаја да се вратат во игра и во возбудлива завршица да го освојат сетот со 26:24.

И во четвртиот сет, Русите беа подобри кога беше најпотребно, во самата завршица, при резултат 18:18 во наредниот период се играше поен за поен. Така беше се до 22:22 кога Русија освои два поени по ред и потоа ја искористи втората меч топка за пласман во финалето.

Со 22 освоени поени блескаше Максим Михајлов, Егор Кљука освои 15, а Иван Јаковлев 12 поени. На спротивната страна најрасположени за игра беа Јоанди Леал со 18, Лукас Сатамп со 13 и Салас де Соуса со 11 поени.
Во второто полуфинале кое ќе се игра од 14 часот, се среќаваат Франција и Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот