БРАВО! Марија Димовска е светска шампионка во кик-бокс во јуниорска конкуренција
Убави вести за македонскиот кик-бокс, Марија Димовска освои златен медал на Светското првенство за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија.
Препорачано
Димовска воедно е и првата девојка која станала Светски првак по кикбокс во WAKO светската организација во која членува Македонската кикбокс и маитаи федерација.
Во големото финале нашата натпреварувачка со резултат 2:1 во лоу кик (млади јуниорки, – 60 кг.) триумфираше против Мија Лијамичев од Израел.
Претходно во полуфиналето Димовска славеше и против Јелена Стојановиќ од Босна и Херцеговина со 3:0.
Нашата земја има шанса да се закити со ново злато на СП, односно финалист е и Силвио Мировски во категоријата постари јуниори, 71 кг.
Противник на Мировски во борбата за златниот медал е Иван Бородатји од Украина, а на патот до финалето имаше победи над Челик Мемет Тана од Турција (3:0, ТКО Р3) и Атанас Димов од Бугарија (3:0, ТКО Р1).
Македонија има уште еден медал од СП, сребро освои Лука Змејкоски во лоу кик (млади јуниори, +81 кг.) кој во финалето загуби од Србинот Мухамед Дупљак. Претходно со 3:0 Змејкоски го совлада Украинецот Владислав Лендел.
Инаку на ова Светско првенство учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од 68 држави.


