БРАВО: Македонската џудистка Ива Богдановска со сребрен медал на Континенталниот куп во Тунис

фото: Џудо Федерација на Македонија

На континенталниот куп за кадети во џудо кој се одржа во Тунис на 9 февруари учествуваа македонските кадетски репрезентативки Георгина Блажеска (-48 кг.) и Ива Богдановска (-63 кг.)

Богдановска во својата категорија забележа три победи и еден пораз и така успеа да го освои сребрениот медал. Резултати на следниот линк ТУКА

Нашата натпреварувачка триумфираше против Јихен Чуари од Тунис, Мерием Ламис Бенатба Атба од Алжир и Амина Абука од Мароко, а во финалето загуби од Рахма Гуерфауи од Алжир.

Блажеска го имаше својот настап во нејзината категорија каде беше поразена од Тунижанката Нарјес Хадеџи.

Нашите џудистки беа предводени од нивниот тренер, воедно и селектор на кадетската репрезентација, Игор Паскоски.

На овој куп имаше натпреварувачи од Алжир, Тунис, Саудиска Арабија, Македонија, Литванија, Мароко и Хонг Конг, Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот