Браво Џенифер: Погледнете како актерката ја изненади медицинската сестра заболена од коронавирусот! (ВИДЕО)

профимедиа

Кимбел Фербенкс, медицинската сестра заболена од коронавирусот која во моментов се наоѓа во изолација, беше гостинка кај Џими Кимел, во домашаното издание на оваа позната емисија, не насетувајќи дека ја очекува вклучување од Џенифер Анистон.

Гостувајќи преку видео-повик Кимбел изјави дека не е сигурна како точно е инфицирана, но дека верува дека тоа се случило во болницата во која работи, но додаде и дека самоизолацијата исклучително тешко ја поднесува бидејќи е раздвоена од синот (4) и ќерката која има 18 месеци.

Таа се чувствува подобро и како што и е соопштено, најверојатно на 8 април ќе може да ги види децата.

Со цел малку да ја расположи, Кимел и приреди кул изненадување и во онлајн разговорот ја вклучи и ѕвездата од серијата „Пријатели“.

Кога Кимбел ја здогледа Џенифер на екранот остана без текст, а актерката ја искористи приликата на неа лично и на сите здравствени работници кои во моментов работат во САД да им се заблагодари за тешката битка која ја водат со коронавирусот и за се што прават за жителите.

„Немам зборови со кои би изразила благодарност за се што вие луѓе правите за нас, а со тоа си ги ризикувате и своето здравје и својот живот“, додаде Џенифер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот