Браун: Следната војна за САД ќе наликува на Втората светска војна

Фото: Миа.мк

Новиот началник на генералштабот на американското воено воздухопловство, Чарлс Браун, верува дека САД нема да ја води идната војна далеку од своите брегови и дека ќе ја води против сили слична на себе.

– Треба да бидеме подготвени да водиме војна со борбени загуби и ризици за нацијата, слични на оние со кои се соочивме за време на Втората светска војна, рече Браун, пренесува порталот „Дифенс њуз”.

Браун проценува дека борбените акции ќе бидат различни од оние предводени од САД во претходните две децении.

– Идната војна нема да се води далеку од нашите брегови, рече Браун.

Според него, Вашингтон може да се соочи со држава што има воен потенцијал еднаков на својот.

Тој, исто така, потенцираше дека одлуките на претходното раководство не овозможиле постигнување на резултатите, со оглед на ривалството со Кина и Русија, кое брзо се менува.

Чарлс Браун дојде на кормилото на американското воено воздухопловство на 6 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот