Братски фудбалски тандем: Осама ВинЛаден – Садам Хусеин

Еден од најталентираните перуански фудбалери не може да најде ангажман во европска екипа поради неговото име.

Осама ВинЛаден Хименез Лопез, е млад перуански фудбалер поради своето име има големи проблеми да си направи кариера во најдобрите екипи.

Тој е дел од листата на кандидати за наградата Златно момче на „Тутоспорт“ за најдобар млад фудбалер, но неговите родители му создадоа големи проблеми. Осама ВинЛаден е роден на 7. октомври 2002 година, една година по нападот на кулите близначки во Њујорк кој беше извршен од Осама Бин Ладен.

Овој 18-годишен фудбалер се смета за еден од најголемите таленти во Перу, но неколку шпански екипи се откажаа од негов трансфер. Погодувате, причината е името.

Размислував да го сменам името, но на дресот ми пишува само Осама. Не можам да поверувам дека тоа е поважно од моите фудбалски квалитети – изјави Осама ВинЛаден Хименез Лопез за шпанска „Марка“.


Дека тој не случајно се вика Осама ВинЛаден, доказ е неговиот брат кој исто така игра фудбал и се вика Садам Хусеин.
Не станува збор за никакви антиамерикански чувства. Татко ни планираше третиот син да го нарече Џорџ Буш. За среќа добивме сестра – вели Осама.

Според младиот фудбалер, ова е традиција во Перу, односно на децата да им се даваат имиња на познати светски личности за полесно да им се трасира патот кон славата, па така во неговата земја има човек кој се вика 9 Хитлер.
– Во нашата земја имате човек кој се вика Хитлер, секој втор е Хесус. Да, некој Осама убивал луше, но тоа не сум јас. Гледајте го тоа што го правам на теренот, а што пишува на мојот дрес – вели Осама ВинЛаден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот