Братот на сопственикот на ПСЖ: Меси ќе пристигне во Париз во следните 72 часа

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Лионел Меси е новиот играч на ПСЖ, објави пред два дена Калид бин Хамад Бин Калифа Ал-Тани, катарски шеик и брат на катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, кој е сопственик на францускиот клуб.

Меси потоа одржа проштална прес-конференција во Барселона, но не го потврди трансферот во ПСЖ. Тој само рече дека францускиот клуб е една од опциите што му се нудат откако стана слободен играч.

Сега Калид бин Хамад Бин Калифа Ал-Тани повторно проговори и се обиде да ги увери фановите, кои се прашуваат зошто Меси сè уште не е претставен и навивачите кои залудно чекаа денеска со часови на аеродромот во Париз.

„Л`Екип“ тврди дека договорот е многу поголем отколку што беше напишан претходните денови и дека Меси ќе заработува 40 милиони евра годишно, што е неверојатни 769.000 евра неделно.

Договорот е на две години со опција за уште една, а Меси исто така треба да добие бонус од 30 милиони евра каде дел од договорот.

Аргентинецот и натаму е во Барселона во неговиот дом каде што одмора, тоа го забележаа и камерите..

– Информациите за преговори меѓу Меси и другите клубови се неточни. Сè е договорено со ПСЖ, и Меси ќе дојде во Париз во следните 72 часа – напиша катарскиот шеик.

Меси се прости од Барселона: Не замислував ваков крај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот