Меси се прости од Барселона: Не замислував ваков крај

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Лионел Меси денеска на пладне се прости од Барселона, клубот во кој е од неговата 13 година од животот.

Поради правилата на Ла Лига и поради катастрофалната финансиска состојба на Барселона, Меси не можеше да го потпише новиот договор и поради тоа стана слободен играч. Лео Меси денеска на последната прес-конференција на „Камп Ноу“ беше пречекан со аплауз од сите присутни.

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

– Веќе неколку денови размислувам што да кажам, но вистината дека е не знам. Ова е многу тешко за мене по толку години. Речиси целиот свој живот го поминав тука и не сум подготвен на ова. Искрено, тоа што се случуваше минатата година и тоа што се случува сега – не е исто. Оваа година, и јас и моето семејство бевме убедени дека ќе останеме во Барселона која е наш дом.

Беше неверојатно. Од градот, луѓето, самиот клуб. Денеска можам да ви кажам збогум на сите вас. Од својата 13 година сум тука и по 21 година заминувам со својата сопруга и трите каталонско-аргентински деца. Ова е нашиот дом и сакам да се заблагодарам на сите мои соиграчи, сегашни и поранешни.


Доживеав голема љубов тука, имаше премногу убави работи, но имаше и лоши. Клубот ми помогна да израмсна и да станам човек и фудбалер како што сум. Од првиот до последниот ден давав се од себе. Никогаш не помислив дека ќе дојде овој момент, не бев подготвен на вакво нешто. Не ги видов навивачите година и половина поради пандемијата. Кога го замислував своето простување, вертував дека „Камп Ноу“ ќе биде полн, но сепак мора да се заврши на ваков начин.


Искрено, заборавив многу работи кои сакав да ги кажам, но ова е сега се што можам да ви го соопштам. Зборовите не излегуваат од мене – беа зборовите на Меси кои предизвикаа солзи кај речиси сите присутни во салата као и кај самиот фудбалер.

Се очекува следен клуб на Лионел Меси да биде ПСЖ, а медиумите шпекулираат дека официјалната промоција ќе биде во вторник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот