ФОТО+ВИДЕО: Фановите на ПСЖ денеска залудно го чекаа Меси

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Лионел Меси кој досега ги бранеше боите на Барселона, се очекува најверојатно да стане нов играч на ПСЖ во наредните денови.

По разделбата со каталонскиот клуб, Аргентинецот ја прифати понудата која дојде од францускиот вицешампион и кариерата ќе ја продолжи на „Паркот на принцовите“.

Фановите на францускиот великан денеска беа подготвени да го пречекаат еден од најдобрите играчи во светот, на аеродромот и пред стадионот, но залудно.

И покрај најавите од француските медиуми дека веќе се наоѓа во Париз, тој и натаму е во Барселона и најверојатно нема да дојде денеска во Париз, па навивачите залудно го чекаа најголемото засилување во историјата на клубот.

Еден дел од нив веќе одлучија да си одат дома, додека најупорните сè уште веруваат дека Лео ќе се појави на аеродром.

Иако Аргентинецот не се појави денеска, најверојатно утре ќе пристигне во Париз за да ги финализира деталите околу трансферот, а ПСЖ ќе добие огромно засилување во потрагата по трофејот во Лигата на шампионите.

Меси се прости од Барселона: Не замислував ваков крај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот