Џамија / Тетово / илустрација / Фото: www.tetovamuzeuvirtual.org

Браќа се тепале за пари во двор од тетовска џамија, помладиот прв нападнал и сега ќе одговара

Двајца браќа од Тетовско, на возраст од 55 и 60 години, се степале во двор од џамија во Тетово, а ќе одговара помладиот брат, кој бил напаѓачот, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишник од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.08.2025 во двор на џамијата во селото, поради наводен долг, пријавениот физички го нападнал неговиот 60-годишен брат“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот