Брајан Меј позитивен на коронавирус: Ве молам внимавајте

Брајан Меј Принтскрин Инстаграм

Легендарниот гитарист на бендот Квин Брајан Меј објави дека е позитивен на коронавирус. Тој додаде дека најверојатно се заразил на роденденската забава на која бил гостин.
Меј на Инстаграм открил дека тој и неговата сопруга биле на забава со многу пријатели имислејќи дека се „безбедни“.

Тој нагласи дека е иронично што се чувал од почетокот на пандемијата за да избегне инфекција. Легендарниот гитарист вели дека се чувствува ужасно, а вирусот го спореди со најлошиот грип што можете да го добиете.

„Да. Тој шокантен ден конечно пристигна. Неславната „црвена линија“ на тестот. И, ве молам, без сочувство, ова беа неколку пеколни денови, но јас сум добро. Внимавајте, добри луѓе.  Оваа  болест е неверојатно лесно пренослива . „Сигурен сум дека не сакате таа  да ви го уништи Божиќ“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brian Harold May (@brianmayforreal)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот