Фото: Профимедиа

Божиќни пости: Идеи за посно мени без зејтин за седум дена во неделата

Божиќниот пост започнува секоја година на 28 ноември и трае до 7 јануари, односно до Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос. Строг пост (на вода) е само во среда и во петок, додека маслото и виното се дозволени во понеделник, вторник и во четврток, а риба може да се јаде во сабота и недела.

Божиќниот пост трае 40 дена и е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божиќниот пост е „поблаг“ бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

Бидејќи ова е период на нагли промени во начинот на исхрана, нутриционистите советуваат оброците да се планираат однапред, така што дневното мени содржи овошје и природно цедени сокови; салати од свежа или кисела зеленчук, како и јадења од варен, парен или динстуван зеленчук, особено мешунките (грашок, леќа, грав, наут, боранија), кои имаат низок гликемиски индекс, а обезбедуваат доволно енергија за многубројни дневни активности.

Особено не е лесен постот на вода, кога покрај избегнувањето на сите намирници од животинско потекло (месо, млеко, јајца…), се забранува и храна што има масло во себе, како и приготвување на јадењата со масло.

Сепак, има многу идеи за посни јадења, како и оние на вода, а ние ви предлагаме посно мени на вода за една недела.

Понеделник

Појадок: сендвич од леб, печена пиперка, свеж кромид, магдонос и оригано

Ручек: супа од зеленчук – варен зеленчук со зачини и печени компири

Вечера: салата од варен зеленчук (варена пченка, свеж кромид, домат, пиперка и зачини).

Вторник

Појадок: качамак (како прилог, по желба додајте свеж или варен зеленчук)

Ручек: варен бел грав (потребни состојки се бел грав, кромид, морков, сушена пиперка, брашно, мелена црвена пиперка и сол)

Вечера: мусли од овесна снегулки со овошје и со сок.

Среда

Појадок: посна пита со печурки на вода

Ручек: супа од праз и посно ризото со парчиња соја на вода

Вечера: посен ролат со зеленчук

Четврток

Појадок: леб и мешана салата (грав и свежа пиперка со кисели краставички, кромид и соја сос)

Ручек: супа од домати со посни тестенини; боранија, но без масло, згуснете ја со пасиран компир

Вечера: на парче леб намачкајте домашен џем или мед и како прилог со тоа испијте чај

Петок

Појадок: салата од компири и моркови на вода

Ручек: печурки на вода

Вечера: тортилја на вода и со неа туршија, кисела зелка или печени пиперки

Сабота

Појадок: манастирска пита на вода

Ручек: шпагети со кечап и зеленчук

Вечера: паштета од зеленчук и леб (за паштетата потребни ви се компири, моркови, пашканат, кромид, сенф, лук, вода, сол и зачини по вкус).

Недела

Појадок: кнедли од компири на вода

Ручек: грашок без запршка, згуснат со брашно или со компир

Вечера: колачи со блитва

Секако, секогаш можете да додадете меѓуоброци ако сакате во текот на постот на вода, на пример, за ужина земете свежо или сушено овошје, исто така, тука се и брзите деликатеси какви што се овошен компот, житарки со јаткасти плодови или сутлијаш на вода. А дополнителни нијанси на вкус можете да постигнете со додатоци во вид семки од сончоглед, разни зачини, мелен лен, цимет…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот