Божиќ Павлетиќ: Е. Пелистер расте секоја година, ги има сите предуслови за одлична сезона

Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Е. Пелистер ги промовира новите засилувања пред стартот на следната сезона, во составот на Жељко Бабиќ пристигна хрватското десно крило Јосип Божиќ Павлетиќ.

Битолчани на позицијата десно крило ќе го има и македонскиот репрезентативец Ненад Костески.

Божиќ Павлетиќ вели дека мора да се размислува од натпревар во натпревар и дека против секого екипата ќе оди на победа.

– Повикот на Бабиќ дојде случајно. Доаѓањето во овој клуб го гледам како напредок во мојата кариера. Клубот е амбициозен, расте секоја година и мислам дека ги имаме сите предуслови за одлична сезона.

Кратка беше мојата пауза. Бундеслигата траеше скоро до 1 јули. Но, не се жалам. Професионалец сум и одиме понатаму. Ни следат многу натпревари, ќе има минутажа за секого. Мораме да размислуваме натпревар по натпревар, против секого да играме на победа, па ќе видиме каде ќе дојдеме – вели Божиќ Павлетиќ.

Како што е веќе познато, во тимот на Е. Пелистер дојдоа: Реиние Табаода (Данкерк), Јосип Божиќ-Павлетиќ (Гепинген), Филип Ивановски (Еурофарм Пелистер 2), Мартон Секељи (Порто), Немања Обрадовиќ (ППД Загреб) и Марко Кизиќ (Вардар 1961).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот