Ботас ја искористи казната на Хамилтон за пол-позиција во Бразил

Валтери Ботас по вторпат во кариерата беше најдобар на спринт квалификациската трка/Сао Паоло, Бразил/13 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/Antonio Lacerda

Во саботата на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло се одржа квалификацискиот спринт пред трката за Големата награда на Бразил во Формула 1 шампионатот. Најбрз по 24 круга беше возачот на „Мерцедес“, Валтери Ботас, кој го престигна Макс Ферстапен на стартот и по вторпат во кариерата триумфираше на спринт трката и на тој начин стигна до пол-позицијата.

Ботас воедно доби и три бода, а бодови во квалификациите освоија и Макс Ферстапен (2) и Карлос Саинс од Ферари (1).

Луис Хамилтон во недела ќе стартува од 10 позиција – во спринтот беше петти, но претходно беше казнет со пет места поради промена на делови на моторот. Времето кое му требаше на Финецот Ботас да победи во спринтот беше 29:09.559, а Ферстапен стигна на целта со 1,170 сек. заостанување.

На четвртата позиција се најде тимскиот колега на Ферстапен, Серхио Перес, а Хамилтон со одлично возење успеа да се пробие од последната на петтата позиција. Последниот возач кој го престигна офанзивниот Хамилтон беше шестопласираниот Ландо Норис, а во првите 10 се најдоа уште Шарл Леклер, Пјер Гасли, Естебан Окон и Себастијан Фетел.

Ова беше 20 пол-позиција во кариерата за Ботас, кој в недела ќе се бори во Сао Паоло за да стигне до 11 победа во кариерата. Но, најголем број фанови ќе бидат заинтересирани за пресметката на двајцата кандидати за титулата Ф1 шампион – првопласираниот во генералниот пласман на Ферстапен и актуелниот шампион Хамилтон.

На четири трки пред крајот на шампионатот лидер е Ферстапен со 314,5 бодови, Хамилтон има 293,5. Трката за ГП на Бразил ќе се вози в недела од 18.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот