Борковиќ победник на првата трка во Хрватска, Иџе шестопласиран

фото: фејсбук/игор стефановски иџе

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе го освои шестото место на првата од двете денешни трки на „Гробник“ во Хрватска во рамките ТЦР Источна Европа.

Победник на првата трка е Душан Борковиќ од Србија со неговиот „Хјундаи и30“ пред актуелниот бранител на титулата во ова натпреварување, неговиот сонародни Милован Весниќ, додека подиумот го комплетираше Матеј Конопка.

На четвртата позиција се најде Болдиш Бенце, пред Јахим Галаш, а на шестата позиција Стефановски кој заостана нешто над 18 секунди зад победникот.

Втората трка ќе се вози од 15.15 часот. Трката можете да ја следите во живот на следниот ЛИНК

фото: принтскрин/speedhive

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот