Борко дојде, Лемго почна да победува

Фото: РК Лемнго

Одлично му оди на германски Лемго откако пред шест дена во клубот пристигна Борко Ристовски.

Поранешниот македонски репрезентативец првпат застана помеѓу стативите пред пет дена кога Лемго го шокираше Кил, а денес славеа и против Минден со 30:27. Во текот на целото полувреме Минден имаше предност, меѓутоа во финишот следуваше пад во играта и на полувреме тимот на Борко водеше со 14:13.

Борбата продолжи во второто полувреме во кое видовме неколку пресврти. Последните минути припаднаа на Лемго, па така ја обезбедија победата. Од 12 удари кон неговиот гол Борко собра три одбрани, една помалку од неговиот тимски колега Фин Зикер.

Со втората победа во низа Лемго се искачи на 11. позиција на табелата во германската Бундеслига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот