Борисов: Правната држава не се постигнува со грубо кршење на владеењето на правото

„Поклонување пред сеќавањето на жртвите од тоталитарните режими! “, напиша бугарскиот премиер, пренесува БГНЕС.

„Тоталитарните режими уништија милиони човечки судбини. За насилството и суровоста, со која се поткопаа основните слободи, нема место во денешниот свет!”, напиша премиерот Бојко Борисов на својот профил на Фејсбук по повод денешниот ден кога Европа им оддава почит на жртвите на националсоцијалистичкиот, комунистичкиот и другите тоталитарни режими.

„Нема место за националсоцијализам и комунизам. Убеден сум дека нема место за реваншизам и поделби. Кренатите тупаници и намерниот притисок врз граѓаните не се симбол на демократијата. Правната држава не се постигнува со грубо кршење на владеењето на правото. Историјата треба да се запомни, за да се донесат правилни одлуки, дури и кога се тешки за носење. Верувам дека редот, развојот и разбирањето се постигнуваат преку дијалог, а не со тупаница! Затоа, да ги постигнеме со дела”.

„Поклонување пред сеќавањето на жртвите од тоталитарните режими! “, напиша бугарскиот премиер, пренесува БГНЕС.

На 23 август Европа им оддава почит на жртвите од националсоцијалистичките, комунистички и други тоталитарни режими. На денешен ден пред 81 година, Германија и СССР потпишаа пакт за ненапаѓање попознат како „Пактот Молотов-Рибентроп”. Договорот имаше и таен протокол, во кој беа дефинирани „сферите на влијание” и окупациските зони. Практично, овој пакт меѓу Хитлер и Сталин е подготовка за Втората светска војна, јави БГНЕС.

Денот на жртвите на сталинизмот и нацизмот – 23 август, прв пат беше побарано да се слави во јуни 2008 година за време на „Европската конференција за совест и комунизам” во Прага. Форумот тогаш ја усвои таканаречената Прашка декларација. Декларацијата предлага 23 август, денот на потпишување на договорот меѓу Хитлер и Сталин, да биде ден на сеќавање за жртвите на нацистичкиот и комунистичкиот тоталитарен режим.

Во септември 2008 година, Европскиот парламент усвои декларација со предлог да се прогласи 23 август за Европски ден на сеќавање за жртвите на злосторствата од сталинизмот и нацизмот.

Во декларацијата се наведува дека пактот „Молотов-Рибентроп”, склучен на 23 август 1939 година меѓу Советскиот сојуз и Германија, ја дели Европа во две сфери на влијание преку своите тајни дополнителни протоколи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот