Борачи „се бореле“ со гризли мечка и едвај спасиле жива глава
Двајца млади борачи од студентскиот тим на Универзитетот Јута биле нападнати од гризли мечка во шумите на Вајоминг и едвај се спасиле од дивиот ѕвер
Двајца млади борачи од тимот на Универзитетот Јута, Кендел Камингс и Брејди Лаури, едвај спасиле жива глава откако биле нападнати од гризли мечка во дивите шуми на американската држава Вајоминг.
Препорачано
Борачите тргнале на кампување и во потрага по еленски рогови во Националната шума а патем со уште неколку пријатели уживале во природата.
Wrestlers are truly built different.
Last Saturday, Northwest College Wrestlings’s Kendell Cummings saved teammate Brady Lowry while he was being mauled by a grizzly bear in Cody, Wyoming, USA. pic.twitter.com/nn9plyYFBd
— United World Wrestling (@wrestling) October 18, 2022
Таа идила била прекината од една гризли мечка која прво го нападнала Лаури и му ја скршила раката, а потоа го нападнала Камингс кој му притрчал напомош на пријателот.
Мечката се нафрлила на Камингс и го гризела по главата. Потоа мечката конечно си заминала. Обата борачи изгубиле многу крв, а ги спасиле пријателите кои биле со нив и кои кога опасноста минала се вратиле да им помогнат.
Камингс минал полошо, а во болницата добил дури 60 „копчи“ на главата и му направиле пластична операција на лицето.


