Бонучи сè уште не може да го преболи поразот од Македонија: Лудост е да се игра еден натпревар во баражот

Леонардо Бонучи не може да го преболи поразот од Македонија/ фото: EPA-EFE/Marco Betorello

Искусниот дефанзивец на италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи го обвини системот на натпреварување во квалификациите за пласман на Светското првенство како главна причина што „аѕурите“ нема да играат во Катар.

Италијанците минатиот четврток загубија од Македонија во Палермо во бараж натпреварот за пласман на Мундијалот во Катар, а Бонучи веќе шести ден не може да го преболи поразот.

– Апсурдно е еден натпревар да одлучува за победникот. За жал, тоа а патот по кој тргнавме, но мора да кажам дека е луда одлука да се игра еден натпревар во кој може да се случи – вели Бонучи.

Дефанзицецот на Јувентус истакна е дека на Мундијалот во Катар пласман обезбедиле репрезентации што доживеале 4-5 порази, додека Италија не успеа да се пласира на СП иако загуби само еден натпревар.

– Тоа е вистинско лудило. Но, ова не смее да биде ниту алиби ниту изговор. Требаше да бидеме подобри. Од поразот и неуспехот ќе извлечеме поуки и ќе бидеме подобри во иднина и ќе се вратиме таму каде што припаѓаме. По освојувањето на ЕП минатата година, на сите им е јасно дека ова е голем пораз и неуспех –додаде Бонучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот