Бомба, Обрадовиќ си оди од Фенербахче и доаѓа во Барселона

twitter/Fenerbahçe Beko

Турскиот весник „Сабах“ денеска сензационално најави дека најтгрофејниот кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ на крајот од оваа сезона ќе го напушти Фенербахче и прво една година ќе одмора, а потоа ќе седне на клупата на уште еден гигант, Барселона.

„Сабах“ исто така пишува дека на местото на Обрадовиќ ќе пристигне актуелниот тренер на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус.

Заминувањето на Обрадовиќ од турскиот тим е предсмет на шпекулации во последните неколку месеци, а работите со напуштањето на клупата на српскиот тренер ги забрзаа финансиските проблеми во кои се наоѓа Фенербахче.

Кризата се одразува и врз резултатите на тимот во Евролигата каде иако е еден од главните фаворити за трофејот, до моментот кога натпреварувањето беше суспендирано, Фенербахче имаше скор од 13 победи и дури 15 порази за осмо место на табелата.

Весникот пишува дека Обрадовиќ има понуда да се врати во Панатинаикос со кого шест пати триумфира во Евролигата, но ја одбил и планира прво да одмори една година, а потоа да се замени Светислав Пешиќ на клупата на Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот