Болт му даде совет на тинејџерот кој урна негов рекорд: Во спортот сè може брзо да исчезне
Спринтерската легенда Усеин Болт верува дека младата атлетска сензација Гаут Гаут има потенцијал да стигне до самиот врв, но предупредува дека клучно ќе биде со какви луѓе ќе се опкружи во раната фаза од кариерата.
Препорачано
18-годишниот Австралиец веќе го привлече вниманието на светската јавност со низа одлични настапи, а дополнителен бум предизвика откако собори еден од јуниорските рекорди на Болт, што веднаш отвори споредби со најголемиот спринтер на сите времиња.
Гаут се најде на насловните страници откако на почетокот на април триумфираше на националното првенство на Австралија во трката на 200 метри, со извонредно време од 19,67 секунди. Со тоа не само што постави светски рекорд во конкуренција до 20 години, туку го надмина и резултатот од 19,93 секунди што Болт го истрча во 2004 година како 17-годишник.
Сепак, со брзиот подем доаѓаат и големи очекувања, но и бројни искушенија, нешто што Болт добро го знае од сопствено искуство.
„На таа возраст и јас бев во слична ситуација, сите те влечат на различни страни и лесно можеш да го изгубиш фокусот од атлетиката“, изјави Болт, додавајќи:
„Се надевам дека има вистински луѓе околу себе кои ќе го насочат и ќе го држат концентриран. Сè друго ќе биде тука, но ако згрешиш во спортот, сè може брзо да исчезне.“


