Гоут Гоут/EPA/MARTIN DIVISEK

ВИДЕО | Tинејџер урна рекорд на Болт стар две децении

Австралискиот атлетски бисер Гоут Гоут испиша нова страница во историјата, откако постави сензационален национален рекорд на 200 метри со време од 19,67 секунди, резултат што е подобар и од оној што го имаше легендарниот Усаин  Болт на иста возраст.

Осумнаесетгодишниот спринтер стана првиот Австралиец што успеал да ја пробие границата од 20 секунди, и тоа на националното првенство во Сиднеј.

Со овој подвиг, Гоут го надмина младинскиот резултат на Болт од 19,93 секунди поставен во 2004 година, а се доближи и на само две стотинки до светскиот јуниорски рекорд на Еријон Најтон од 2022 година.

Талентираниот атлетичар од Квинсленд притоа го подобри и сопствениот национален рекорд од 20,02 секунди, кој го постави при одбраната на титулата. Интересно е што и второпласираниот Ајдан Марфи ја урна старата граница, финиширајќи со 19,88 секунди.

Ова е само уште едно во низата извонредни достигнувања на младиот спринтер, кој веќе во 2024 година го собори 56 години стариот австралиски рекорд на Питер Норман со време од 20,04 секунди.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот