Болсонаро се потсмеваше со вирусот, а сега има симптоми на Ковид-19

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро / Фото: Архива

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро има симптоми на Ковид-19, пренесува бразилски Си-Ен-Ен. Како што се наведува, резултатите од тестот се очекуваат подоцна во текот на денот, пренесува Ројтерс.

Болсонаро често се противеше на мерките за физичко дистанцирање кои ги препорачуваат повеќето здравствени експерти и го отфрлаше вирусот како „мал грип“ заради што беше критикуван.

Бразил е на второто место во светот по бројот на заразени и починати од последиците на коронавирусот, по САД, покажуваат податоците на сајтот „Worldmeters“.

Во Бразил во претходните 24 часа се забележани уште 20.229 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 1.623.284, при што починаа уште 620 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот