Болницата во Митровица пред хуманитарна катастрофа

Фото: Клинички болнички центар Косовска Митровица

Болницата во Митровица е без потребните лекови, предупредува директорот на Клиничкиот болнички центар Златан Елек. Тој потсетува дека од 2021 година, кога била одбиена последната јавна набавка, центарот нема континуирано снабдување со толку потребните лекови. Снемува кислород, а сосема се истрошени и залихите на лекови за пациентите со онкологија, кои ги има се повеќе. Им недостигаат потребните терапии кои им значат живот, посочува Елек, пренесува Тајм.рс.

– Ни недостигаат лекови, така е, последниве три години работиме на залихи од кога Албин Курти е на власт. Не е дозволено внесување на било каков вид на лек во КБЦ. Сега можам да тврдам дека КБЦ и населението овде се соочуваат со хуманитарна катастрофа, ако вака продолжи – вели Елек. Движењето меѓу централна Србија и областите на северот на Косово и Метохија е ограничено поради блокадата на преминот Јариње, преку кој може да се излезе, но не и да се влезе на север. На пунктот Брњак кај Зубин Поток од 5 октомври е можно да се движи во двата правци, но пракса е лековите, парите и другите потреби и трансакции да се вршат преку Јариње. Според полицијата, пунктот Јариње се уште е блокиран за влез од централна Србија поради полициски претрес на теренот, објави РТС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот