Боксерите ги добија ривалите за учество на Олимпијадата 2020
Прв на рингот во Лондон (Англија) ќе излезе Јасин Љама на квалификацискиот турнир, а потоа истото ќе го направи и Гоце Јанески.
Македонските репрезентативци ги добија противниците во квалификациите за настап на Летните олимписки игри во Токио 2020.
Препорачано
Прв на рингот во Лондон (Англија) ќе излезе Јасин Љама кој за ривал го доби Александрос Цаникидис од Грција.
Во категоријата на Љама, 63 килограми има вкупно 28 боксери, неговата борба со Цаникидис е на програмата в недела (15 март).
Гоце Јанески во категоријата до 75 килограми за противник го доби Етерна Квадрадо од Шпанија.
Јанески на рингот излегува в понеделник (16 март). Во категоријата на Јанески има пријавено вкупно 34 боксери.
Квалификацискиот турнир во Лондон е прв од двата предвидени за обезбедување Олимписка норма за игрите во Токио 2020 година.
Посакуваме нови учесници на Игрите кои ќе ја претставуваат Македонија, а овој момент воедно се поставува прашањето дали Олимпијадата со оглед на епидемијата на коронавирусот ќе се одржат во најавениот период од 24 јули до 9 август.
Од ИОК се сигурни дека нема да има одложување на ЛОИ.


